Градоначалникот на градот Вентимиља, северозападна Италија, близу границата со Франција, беше „ограбен“ во директен пренос на телевизија.
На видеото, кое веднаш стана хит на интернет, новинарката го интервјуира градскиот татко Гаетано Скулино во центарот на Вентимиља, и го прашува – кој е одговорен за редот и безбедноста во градот. Но, тој во мигот не ја слуша и гледа во спротивна насока.
Грасоначалникот забележал дека му го нема палтото што го оставил на клупа оддалечена само два или три метра. Инаку, се работи за свечен костим со кој Скулино, политичарот се упатил на прослава.
По шокот, градоначалникот некако, си ја врати присебноста, одговори на прашањето за безбедноста, па на шега ја замоли ТВ-екипата да му ја надомести загубата.