Клоп, Флик и Нагелсман, кандидати за тренер на годината

Од:

Европската фудбалска асоцијација прогласи тројца претенденти за титула европски тренер на годината. Тоа се Јирген Клоп (Ливерпул), Ханс-Дитер Флик (Баерн) и Јулијан Нагелсман (Лајпциг).

Клоп стана шампион на Англија со Ливерпул, Флик ги освои Лигата на шампионите, Купот на Германија и Бундеслигата, а Нагелсман се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите и со 33 години стана најмладиот тренер кој се пласираше во плејофот на турнирот.

Во Топ 10 се најдоа и:

4. Томас Тухел (ПСЖ) – 76 поени
5. Џанпјеро Гасперини (Аталанта) – 68 поени
6. Хулен Лопетеги (Севиља) – 57 поени
7. Руди Гарсија (Лион) – 32 поени
8. Зинедин Зидан (Реал Мадрид) – 25 поени
9. Хосеп Гвардиола (Манчестер сити) – 11 поени
10. Антонио Конте (Интер) – 9 поени.

Во гласањето учествуваат 80 тренери од клубови кои учествуваа во групната фаза на УЕФА во Лигата на шампионите 2019/20 (32) и Лигата на Европа 2019/20 (48), како и 55 новинари од сите здруженија на УЕФА, избрани од Европската асоцијација на спортски медиуми.

Победникот ќе биде објавен пред ждрепката за ЛШ 2020/21 на 1 октомври.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Клоп: Од утре за нас секој натпревар е квалификациски

Горан Наумовски

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска