Врховниот суд на Република уште не ги пратил во Кривичен суд Скопје, списите за предметот „Тенк”, со кој се потврдува казна од 4 години затвор за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Вршителот на должност претседател на Врховен суд, Фаик Арслани, вели дека се уште се работи на предметот, односно дека се работи за комплексен случај.
– Има повеќе вонредни правни лекови и треба едно поопширно образложение, затоа ни треба малку повеќе време. Треба да сме трпеливи неколку дена, вели Арслани.