Изов: Франција е апсолутен фаворит, ние ќе се обидеме достојно да се спротивставиме

Од:

Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација, Кирил Изов се соочува со доста проблеми во пресрет на натпреварот со Франција.

– Имаме навистина големи проблеми со играчкиот кадар за овој натпревар. Покрај отсуството на Наташа Андонова и Гентјана Рочи, не можеме да сметаме ниту на Романа Трајковска и Маја Ангеловска. Поради здравствената ситуација предизвикана од Ковид-19, двете не можат да допатуваат од Швајцарија и Словенија. Маријана Нацева има скршеница на рамото и исто така е надвор од составот. Франција е апсолутен фаворит. Ние ќе се обидеме достојно да се спротивставиме и покрај отсуството на неколку важни фудбалерки за нас, изјави селекторот на македонската женска репрезентација, Кирил Изов.

Собирот на женската репрезентација е закажан на 18 септември во хотел „Парк“ во Скопје. Предвидени се пет тренинзи до натпреварот со Франција.

Натпреварот е закажан за 22 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург