Дамчевска Илиевска: Дали е чесно по пораз, за претседател на ОК Бутел да биде назначен истиот човек?

Од:

„Гледам пак по трет пат го назначиле за претседател на ОК Бутел, актуелниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Се прашувам дали е демократски без никакви процедури, дали е чесно да продолжи после изборните порази и губењето на членство пак да биде истиот човек, напиша на својот фејсбук поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска Илиевска, која сега е меѓу иницијаторите во опозициската партија кои бараат свикување на вонреден конгрес.

-Зарем нема други квалитетни кадри во Бутел кои имаат и образовен и професионален и општествен и човечки и партиски кредибилитет?“, прашува Весна Дамчевска Илиевска, член на Иницијативниот одбор.

„Или сите се оквалификувани од актуелниот за да биде тој вождот од кој сите ќе се плашат. Никој за него не смее да отвори уста. Сите знаат но си траат. Можеби е награден затоа што плукаше јавно по претходниците кои му подадоа рака. Со лаги и клевети со злоупотреби на луѓе. Браво претседателе Мицкоски! Така се сакаат своите.

А другите, тие што ќе ви ја кажат вистината? Вие си знаете. Вие најдобро си знаете. Чувајте го здравјето. Не го убивајте духот на тие што ве охрабрија во најтешките чекори. Не сме непријатели ваши. Ние сме луѓе кои сакаат да живеат во мир со сите, со различните и со вас. Господ на помош да ви е и нам на сите“, се вели во писменото соопштение на Весна Дамчевска Илиевска, член на Иницијативниот одбор.

Би можело да ве интересира

Мицкоски да ја надрасне суетата инаку ќе доживее фијаското на локалните избори, порака од иницијаторите за вонреден Конгрес

Габриела Димковиќ-Мишевска

Иницијатива за Конгрес: Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови

Катерина Ѓуровски

Иницијативниот одбор го одложи најавениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Жарко Настоски

Стамов: Поддршката за смена на Мицкоски од ден во ден се зголемува

Искра Манојлоска

Иницијативен одбор: 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Ана Ололовска

Иницијативен одбор за вонреден конгрес: На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки

Ана Ололовска