Седум новозаболени од коронавирус во Кавадарци, 177 од почетокот на пандемијата

Од:

Седум новозаболени лица од коронавирус во Кавадарци, се регистрирани во последните 24 часа. Три од нив, се здравствени работници. Оваа општина има евидентирано дека вкупно 177 лица заболеле од Ковид-19 од почетокот на пандемијата до денес.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА потврди дека новозаболените се на возраст од 42 до 73 години. Четири женски и три машки лица. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти со цел нивна изолација.

Од почетокот на пандемијата досега, во Кавадарци починаа две лица со коронавирус, од кои еден странски државјанин.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак