Италијански клубови бараат почетокот на Серија А да се одложи за една недела

Од:

Клубовите во Серија А бараат од раководството на лигата да го одложат почетокот на новата сезона за една недела.

Според „Football Italia“ Интер ја предводи групата на овие клубови.

Забележано е дека раководството на „неро-азурите“ веќе доставило официјално барање до лигата за дополнителна недела одмор пред почетокот на сезоната.

Се претпоставува дека доколку лигата му излезе во пресрет на Интер, клубот од Милано ќе го започне своето учество во шампионатот од 2. коло, кое ќе се одржи на 26-27 септември, а натпреварот од 1. коло со нивно учество ќе биде одложен.

Почетокот на новата сезона во Италијанскиот фудбалски шампионат е закажан за 19 септември.

За потсетување Интер ја заврши сезоната на 21 август, играјќи во финалето на Лига Европа со Севиља (2:3).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Пеколните температури би можеле да го одложат почетокот на сезоната во Серија А