Еден од сопствениците на пропаднатата „Еуростандард банка“, Трифун Костовски, упати нов јавен повик, овој пат до неколку државни институции, да се вклучат во случајот со стечајот на банката, во кој според него има многу недоследности и нејаснотии.
„До:
1. Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија Талат Џафери,
2. Обвинителството за организиран криминал,
3. Антикорупциска комисија на Република Северна Македонија и
4. Министерството за Внатрешни работи.
Јас, Трифун Костовски ги повикувам горе наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука. Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас,“ пишува Костовски во јавниот повик.
Бизнисменот претходно упати јавен апел до институциите да ја повлечат одлуката за стечај на „Еуростандард банка,“ велејќи дека „законот не може да биде над интересите на граѓаните“.