Трифун Костовски: Да се повлече стечајот на Еуростандард, законот не може да биде над интересите на граѓаните

Од:

Во отворено писмо до јавноста, Трифун Костовски, кој се претставува како „еден од акционерите на Еуростандард банка,“ јавно ги повикува сите политички партии, сите институции, владини, невладини и верски организации, да дадат поддршка Народна банка на Република Македонија да ја повлече одлуката за стечај на Еуростандард банка и да ја врати во првобитна состојба.

„Легалистите би рекле дека ваквото повлекување на стечајна постапка не е можно согласно Законот за банки. Сакам да ве убедам дека не може законот да биде над интересите на граѓаните. Потенцијални купувачи на банката се спремни да вложат сериозни средства и да го овозможат нејзиното работење во банкарскиот сектор,“ вели Костовски во писмото.

„Ваквиот чин бара висока доблест и ќе спречи сериозни последици по граѓаните на Република Македонија. Доколку сакаме мир во земјава и спокој на граѓаните, мора да ги имате предвид последиците кои ќе се појават во периодот кој следи, а кои таксативно ќе ги наведам:

1. Клиентите на Еуростандард банка, кои се оштетени со оваа одлука ќе бидат целосно вознемирени со преземање активности да си го вратат своето.
2. Поради софтверскиот систем за исплата на пензии, неколку илјади пензионери ќе се соочат со неможноста редовно да ги добиваат своите пензии, а тоа е најранливиот слој на граѓани во Македонија.
3. Масовни отпуштања и зголемување на невработеноста, како на вработените во Еуростандард банка, така и на вработените во Македонски пошти, поради неможноста да остварат приход и да ги заработат чесно своите примања.
4. Ќе се врати довербата во банкарскиот систем на граѓаните кој за жал, сведочиме дека има многу нарушен кредибилитет и создава општа несигурност.
5. За ваквиот потег се бара доблест и акција за стабилизирање на севкупната ситуација за граѓаните во Република Македонија и посебно на банкарскиот сектор,“ додава Костовски.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов