Меси сака да си оди од Барселона како слободен играч, клубот вели: само за 700 милиони евра

Од:

Само десетина дена по катастрофалниот пораз од Баерн Минхен со 8:2 во Лигата на шашпионите, аргентинскиот фудбалски ас и шесткратен добитник на „Златна топка“, Лионел Меси, побара да го напушти клубот во кој ја помина целата своја професионална кариера.

Напаѓачот денеска преку факс го извести клубот дека сака да си замине како слободен играч, без надомест.

Каталонскиот клуб потврди дека го добиле барањето да го пуштат Аргентинецот и веќе одговориле. Поточно, Барселона забележа дека Аргентинецот нема законска основа да го стори тоа, бидејќи има важечки договор со клубот. Меси, според Барселона, се повикува на клаузула во договорот која е истечена.

Желбата на Меси да ја напушти Барселона останува, но клубот не планира да го ослободи 33-годишниот ас за помалку од 700 милиони евра обесштетување, колку што според договорот мора да плати секој клуб кој сака да го донесе Аргентинецот во своите редови.

Актуелниот договор на Меси, кој за Барселона игра од 2004 година, важи до 30 јуни 2021 година.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот