(ВИДЕО) Димулков: Ја поддржуваме идејата за вонреден конгрес, да ја спасиме партијата од амбис

Од:

Поголем број членови на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Аеродром одлучија да ја поддржат идејата и иницијативата за свикување на вонреден конгрес на партијата.

„Меѓу нас има членови на општинскиот комитет, претседатели на месни комитети, како и обични активисти. Поддршката на идејата за свикување вонреден конгрес во ОК Аеродром е голема“, рече Јоаким Димулков, член на ВМРО-ДМПНЕ од Аеродром.

„Партијата е во очајна состојба. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било послабо. Никогаш во историјата на партијата немало ваква разединетост, помеѓу членовите како и меѓу членовите и раководството. Ова се само дел од причините поради кои решивме јавно да проговориме и да се обидеме нашиот глас да стигне до раководството на партијата. Раководството е целосно дистанцирано од комитетите и членството, како да се затворени во стаклено звоно.

Сметаме дека одржувањето на вонреден конгрес е единствениот начин да ја спасиме партијата која е тргната кон амбис. Доколку не се превземат брзи чекори за крупни реформи и преиспитување на правецот во кој се движи партијата сметаме дека постои реална опасност партијата да западне во уште потешка криза.

Се надеваме дека оваа наша порака ќе стигне до претседателот на партијата и ке ја прифати идејата за оддржување вонреден конгрес“, изјави Јоаким Димулков, член на ВМРО-ДМПНЕ од Аеродром.

Би можело да ве интересира

Мицкоски да ја надрасне суетата инаку ќе доживее фијаското на локалните избори, порака од иницијаторите за вонреден Конгрес

Габриела Димковиќ-Мишевска

Иницијатива за Конгрес: Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови

Катерина Ѓуровски

Иницијативниот одбор го одложи најавениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Жарко Настоски

Стамов: Поддршката за смена на Мицкоски од ден во ден се зголемува

Искра Манојлоска

Иницијативен одбор: 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Ана Ололовска

Иницијативен одбор за вонреден конгрес: На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки

Ана Ололовска