Откако ги прошета обвинителствата, кривичната пријава за фалсификат во ФФМ одбиена како застарена

Од:

Застарела една од двете кривични пријави против претходното и сегашното раководство на ФФМ поднесени од досегашниот директор на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски. Кривичната пријава прво ја разгледало Обвинителството за организиран криминал кое ја препратило за постапување на Јавното обвинителство Скопје кое, пак, ја отфрлило поради застареност. Другата  кривична пријава, пак, е разгледана, но Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција не нашло елементи на кривични дела.

Двете кривични пријави за злосторничко здружување, злоупотреба на службена должност и овластување и фалсификување исправа против ФФМ, Каевски ги поднесе во 2019 година.

„ Во врска со кривичната пријава поднесена од Агенцијата за млади и спорт против поранешни и сегашни раководни лица од ФФМ за сторени кривични дела злосторничко здружување , злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа , надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по проучување и анализа на наводите во пријавата и прилозите кон истата не утврди елементи на кривични дела што се во надлежно постапување на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција​ и следствено на тоа донесе одлука дека во предметниот кривично правен настан нема место за понатамошно јавнообвинителско постапување во ова обвинителство. По однос на кривичното дело фалсификување исправа​ предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје каде поради застареност пријавата е отфрлена“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Досегашниот директор на Агенцијата, а сега пратеник Дарко Каевски, вели дека не добил официјално известување за одлуките по кривичните пријави

Досегашниот директор на Агенцијата, Дарко Каевски, кој сега е избран за пратеник, вели дека се уште не добил известување за кривичните пријави.

„ Кривичните пријави ги поднесов лично јас, не ги поднесе Агенцијата како институција. Се уште немам официјално известување за евентуална одлука, но ќе преземам се што е во моја моќ за да го истерам случајот до крај“, вели Каевски за „А1он“.

За криминалот во ФФМ од Обвинителството велат дека активно работат по кривичните пријави за криминал во ФФМ поднесени од самата Федерација и од Управата за финансиска полиција.

„ Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по добиената кривична пријава од ФФМ  во врска со финансиското работење​ на федерацијата започна предистражна постапка при што достави наредба за постапување по наводите во кривичната пријава до Управата за финансиска полиција. По спроведената постапка, Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави нова кривична пријава по која надлежниот јавен обвинител активно презема дејствија за расветлување на наводите во неа“, велат од Обвинителството.

Управата за финансиска полиција на крајот на минатиот месец поднесе кривични пријави против 11 физички и 14 правни лица за проневера на 2,4 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три службени лица од МЗШВ

А1он

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш