Ахмети: Владата ќе ги носи сите одлуки со консензус, како и досега

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети по денешната седница на партискиот Централниот Совет на ДУИ ги соопшти имињата на нивните кандидати за министри во новата Владата по договорот со СДСМ за поделба на ресорите.

– Ова владеење е владеење на рамноправноста. Утре ќе го избереме претседателот на Собранието, нашиот пријател Талат Џафери, а потоа и нашите други пријатели, Артан Груби како прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими како министер за финансии, Бујар Османи за надворешна работи, Крешник Бектеши во Министерството за економија, Насер Нуредини во животната средина и останува да се договориме со коалиционите партнери за министер во Министертвото за информатичко општество, рече Али Ахмети.

На новинарските прашања како се надминати несогласувањата на партиското членство од Чаир и Куманово со овие кадровски решенија, Ахмети рече дека имало дебата, а сите одлуки се донесени со договор.

– Мнозинството на Централниот одбор ги прифатија овие кандидати кои се предложени. Сите се овде од ограноците, нема партија која што нема што дебата за овие прашања. ДУИ секогаш е транспарентна и на крај сите ја поддржаа одлуката која е добиена со мнозинство. Нема вознемирувања, природно е овие прашања да имаат дебата до последен момент. Сите заседанија на артиски тела се во присуство на медиумите и транспарентни, истакна Ахмети.

Според претседателот на ДУИ, идната Влада како и во минато и во иднина ќе ги носи сите одлуки „со демократското начело на консензус“.

– Консензуалноста се применува во носење на буџетот, како и сите одлуки, таму каде што нема консензус нема функционалност. Сите влади се политички влади и на прво место за нас е начело на консензуална демократија. Тоа беше беше и порано и сега и нема да има никаква промена. Како ќе се регулираа во Владата носењето на одлука на премиерот и првиот вицепремиер не сум правник за да дадам интерпрертација, рече Ахмети.

На прашање како новата Влада ќе пристапи кон економскиот развој на земјата, Ахмети рече дека има многу работи на кои ќе се посветат.

– Има проекти чие завршување знаеме дека ќе донесе придобивки за граѓаните. Тоа се автопатот Кичево-Охрид, Скопје-Качаник, гасоводот. Има многу проекти и инвестиции кои треба да продолжат, рече Ахмети.

За Насер Зибери, кој беше кандидат за премиер, Ахмети исткана дека тој како нотар продолжува со својата работа и во иднина ќе се одлучува за евентуална функција.

Пред членовите на Советот, Ахмети порача дека 105.000 гласови и 15 мандати со право ја направија Демократската унија за интеграција победник на предвремените парламентарни избори кои се одржаа пред еден месец.

– Ова влада ќе го продолжи патот кон европската интеграција и евроатланското партнерство и ќе биде заштитник на Преспанскиот, Договорот за Добрососедство, и Охридскиот мировен договор, но и ќе спроведе ветинг во политиката и судството, и ќе се фокусира на економскиот развој, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалозни ставовите на Влен и нивните медиуми против албанскиот јазик

Горан Наумовски

ДУИ нема да гласа за интерпелацијата на Гаши

ДУИ: Изградивме градинки, училишта, универзитети, сали и студентски домови

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Албанците нема да станат жртви на нечии деструктивни сценарија

ВРЕДИ: СДСМ и ДУи се браќа по заблуди

Катерина Ѓуровски

Дали по налог на Артан Груби и Омер Буњаку, на натпреварот меѓу Брера и Шкендија е тестирана шемата на ДУИ за создавање тензии прашува ВРЕДИ