Околу 13,3 милиони Малезијци со право глас денеска избираат 222 пратеници за новиот состав на малезискиот Парламент и 505 членови на регионалните собранија.
Според анкетите на јавното мислење, владејачката коалиција Национален фронт (БН) и опозицискиот блок Народен пакт (ПР) имаат изедначени шанси за победа на овие 13-ти по ред парламентарани избори од независноата на Малезија во 1957 година.
Доколку ПР извојува победа, тоа ќе биде прв изборен пораз на Националниот фронт од неговото формирање во 1973 година и ќе биде ставен крај на неколкудецениското владеење на најголемата партија во БН, Обединетата Малајска национална организација (УМНО), која е без прекин на власт од стекнувањето на независноста на земјата.