Во соработка со Бигорски манастир, Ансамбл Македонија подготви изложба со двадесеттина најдрагоцени икони оттаму, по повод прославување на 1000 години постоење на Бигорски манастир.
На изложбата ќе бидат прикажани осум Олтарни икони, две Чудотворни икони, две Тронски икони (Владички и Игуменски Трон), три икони од 16 век, еден капак од Кивот од Светите Мошти, една Плаштеница и две Фрескоикони.
Иконите ќе бидат прикажани во нивната отигинална големина. Изложбата се состои од реплики на икони, фрески и плаштеница, а ќе биде отворена в среда, со почеток во 19 часот во Галеријата на Центарот за култура Охрид. Влезот е слободен.