Рекордни 154 новозаразени во Албанија

Од:

Не се смирува нагорната линија на новозаразени од Ковид-19 во Албанија.

Во изминатото деноноќие дијагностицирани се 154 нови случаи, што е највисока бројка во едно деноноќие до сега. И понатаму главно жариште останува Тирана од каде што се 84 од новозаразените, по што следува Драч со 10.

Според Министерството за здравство и социјална заштита починале пет пациенти или 213 до сега, додека битката со опасниот вирус ја добиле 64 или 3.616 лица.

Со последните 643 до сега направени се вкупно 48.319 тестови,позитивни на Ковид-19 се 6.979, од кои активни на болеста се 3.142 лица.

Од почетокот на овој месец во просек дневно се регистрирани по над 130 новозаразени или вкупно 1.714 лица.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија