Маленко: Пливачката федерација не стои зад маратоните што ги организира „криминална групација“

Од:

Претседателот на Пливачката федерација на Северна Македонија, Александар Маленко, денеска преку соопштение ја информира јавноста дека трките во рамките на „Македонскиот куп во далечинско пливање“, кои деновиве се организираат или се најавени, не се влезени во официјалниот натпреварувачки календар на федерацијата.

– ПФСМ не е организатор на овие трки и тие не се официјални. Нив ги организира добро позната криминална групација „спортски експерти“ во пливање кои освен лежење и сончање покрај базен и езеро, сервисирање пловни објекти и буџетски средства од општините, немаат направено ништо друго последните 20 години, стои во соопштението на ПФСМ.

Маленко додава дека ПФСМ ги пријавила инволвираните лица до надлежните институции и се оградува од секаква одговорност за, како што вели, таквите рекреативни манифестации.

Инаку, реакцијата на претседателот на ПФСМ доаѓа три дена по одржувањето на пливачкиот маратон во Крушево во организација на ПК Вардар 2018. Во најава се уште четири маратонски трки низ целата држава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најбрзата баба на светот-на 83 години се трка со ламборџини

Предраг Петровиќ

ПФСМ со демант дека Маленко добил условна казна затвор

Ана Ололовска

Викендов ќе се трча најдолгиот 107-километарски „Охрид Ултра Трејл“ маратон

Ана Ололовска

Санкционирани 10 „диви тркачи“ на скопската обиколница

А1он

Полицијата казнила четворица тркачи со мотори од скопските улици

Жарко Настоски

Санкционирани „диви тркачи“ на скопските улици

А1он