Полицијата казнила четворица тркачи со мотори од скопските улици

Од:

Полицијата соопшти дека вчера извршила целодневна контрола за да се откријат и санкционираат лица кои одржуваат трки по скопските улици, при што се изречени казни за четворица мотоциклисти.

„Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 03.08.2020 во времето од 07,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во “диви трки“ на подрачјето на Скопје.

Притоа одземени се четири мотоцикли кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед заради контрола на техничката исправност и фреквенција на бучавост,“ се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина