Случаите во Финска не се во базата на заразени од Македонија, велат здравствените власти

Од:

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот од Скопје за Турку, Финска, во кој финските здравствени власти открија 24 случаи на лица заразени со коронавирус.

Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, велат од Министерството за здравство.

Претходно, министерството во врска со случајот информираше дека во авионот воглавно имало патници што транзитираат преку Скопје, а од направените проверки било утврдено дека најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

Би можело да ве интересира

Столтенберг: Украина можеби ќе мора да отстапи територија за мир

Стуб: Америка се префрли од „морков“ на „стап“ во односите со Русија

ISW: Русија го користи „украинското сценарио“ против новиот таргет Финска

Медведев: Засекогаш може да исчезне финската државност

Валтонен: „Компромисен мир“ за Украина што вклучува отстапување на територија на Русија не доаѓа предвид

Горан Наумовски

Медведев: Финска се подготвува за војна со Русија