МЗ: Патниците во авионот за Финска транзитирале преку Скопје, само двајца имале македонски пасоши

Од:

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157 патници, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус, Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција информира дека станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Македонија, или транзитираат преку Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Според добиените податоци во посочениот лет, најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

Министерството за здравство собира информации од финските власти, за тоа кои се 24 патници позитивни на вирусот, дали станува збор за неколку семејства или се поединечни случаи, каков тип на тестови им биле направени, а Институтот за јавно здравје веќе работи на проверка дали на некои од патниците им била издадена мерка самоизолација во нашата земја. По добивање на информациите за позитивните веднаш ќе се пристапи кон утврдување на контактите кои тие лица со позитивни тестови евентуално ги имале во нашата земја.

Министерството за здравство повторно апелира задолжително да се почитуваат сите мерки за лична заштита при секое патување и секаде каде што е пропишано, зголемена дезинфекција на раце и одржување дистанца.

Би можело да ве интересира

Планирал терористички напад: Копилотот со секира го нападна пилотот за време на лет

Flydubai со радикална мерка по нападот на летот за Тел Авив: Ги суспендираат сите летови до Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Страшни снимки од авион: Пилот лежи во локва крв, патниците го совладаа напаѓачот

Предраг Петровиќ

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

(ВИДЕО) Драма во Британија: Авион се запали во воздух, пилотите се катапултираа пред падот