24 заразени патници од Македонија слетале во Финска, земјата воведува задолжителен карантин и тестови

Од:

Финска денеска соопшти дека воведува задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени земји, откако на аеродромот во Турку слетал авион од Македонија со 157 патници, од кои 24 биле позитивни на вирусот, јавува Ројтерс.

Патниците во Турку доброволно се тестирале во саботата, откако властите претходно утврдиле дека два лета, од Македонија и од Букурешт, Романија, се главните извори на нови случаи во Финска, според министерката за семејни работи и социјални услуги, Криста Киуру.

„Епидемијата потекнува од Балканот“, таа им изјави на новинарите, по скорешниот скромен раст на бројот на новозаразени во земјата.

Задолжителниот двонеделeн карантин и можните тестови по случаен избор ќе важат за сите земји кои имаат повеќе од осум до десет нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена. За непочитување на мерките, предвидена е затворска казна од три месеци, заедно со парична глоба.

Овие правила нема да важат само за 25 земји, меѓу кои се Италија, Јапонија, Грција и Норвешка, каде стапката на зараза е ниска во моментов.

Финска досега има регистрирано 7.601 случај на болеста, а починале вкупно 333 лица.

Би можело да ве интересира

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Финска има нов претседател

300.000 Финци штрајкуваат – затворени фабрики, продавници, градинки…

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Русија ќе ги распореди најновите хаубици во близина на финската граница

Финска ги затвори сите копнени гранични премини со Русија