Во Индија од Ковид-19 починале 196 лекари, 64.000 нови случаи

Од:

Индиското лекарско здружение соопшти дека од Ковид-19 до сега починале 196 лекари, а во отвореното писмо до премиерот Нарендра Моди, побараа соодветна нега за лекарите и нивните семејства.

Министерството за здравство вчера регистрира речиси 64.000 новозаразени со коронавирусот, со што вкупниот број достигна 2.153.010.

Најмалку 628.747 пациенти сè уште се на лекување.

Во Индија се регистрирани уште 861 смртни случаи, со што бројот на починати достигна 43.379.

Индија во просек регистрира околу 50.000 нови случаи на ден од средината на јуни и има трет најголем број на заразени со Ковид-19 по САД и Бразил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар

Пијан малолетник во Индија со „порше“ усмрти две лица, за казна мора да напише есеј

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски