Грција за првпат воведе вонредни заштитни мерки во туристичко место

Од:

Поради зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19, а по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, на грчкиот остров Порос од утрово се воведуваат вонредни рестриктивни мерки, што ќе бидат во сила во следните 10 дена, јавува МИА.

За да се спречи дополнително ширење на коронавирусот на островот, одлучено е да се забрани работата на угостителските објекти од 23 часот до 7 часот, дозволени се најмногу четири лица на една маса во кафулињата и рестораните; се откажуваат на сите настани како што се забави со жива музика, црковни настани, пазари и слично, во сила е забрана за јавни и приватни собири на над девет лица, како и задолжително носење заштитна маска и на отворено и во затворените објекти.

Островот Порос, кој се наоѓа во Саронскиот залив, е првото туристичко место во Грција во кое се преземаат рестриктивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Портпаролот на грчката Влада, на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, не ја исклучи можноста за воведување локални карантини во делови од земјата каде што има зголемен број случаи, бидејќи, како што рече „тоа е мерка што во минатото беше успешно спроведена за да се ограничи веројатноста вирусот да се прошири во општеството и доколку биде потребно повторно ќе се преземат и такви мерки“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески