Двајца починати и 77 нови случаи на Ковид-19 во Грција

Од:

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани два смртни случаи од Ковид-19 и 77 новозаразени, од кои осум се по направените тестови на влезните точки во земјата.

Според грчките медиуми, најголемиот број нови случаи- 28 се во областа Атика, поширокиот дел на Атина, а регистрирни се случаи во повеќе различни делови на Грција.

Нови позитивни случаи има на островите Крф (пет), Крит (три), Евија (два), на Кикладските острови (два) и еден на Лезбос, додека пак 11 се од кластер свадби во градовите Александруполи и Солун.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани вкупно 4.737 случаи, а починаа 210 лица.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе