Муслиманските аџии во Саудиска Арабија денеска учествуваат во симболичниот ритуал на каменување на сатаната, почитувајќи ја физичката дистанца и другите заштитни мерки против ширењето на коронавирусот, јавија светските агенции.
Верниците, облечени во бело и со заштитни маски на лицата, фрлаат камења врз огромен ѕид, кој го симболизира ѓаволот. Глетката е многу различна од онаа во изминатите години, затоа што саудиските власти драстично го ограничија бројот на верници на кои годинава им е дозволен аџилак, поради пандемијата.
Аџиите и во следните два дена ќе го каменуваат ѕидот, пред да одат во Мека, каде ќе се молат во Големата џамија, или Масџид ал-Харам.
Мека минатите години за време на муслимаснкиот празник Курбан бајрам беше посетена од по околу три милиони верници, но годинава поради пандемијата со Ковид-19 се собраа само неколку илјади аџии – главно Саудијци и странци кои живеат во Саудиска Арабија.