Аџиите почнаа да пристигнуваат во Мека

Од:

Муслиманските верници денеска почна да пристигнуваат во Мека на аџилак, но во драстично помал број поради пандемијата со новиот коронавирус.

Аџилакот почнува в среда и обично Мека во текот на петдневниот верски обред ја посетуваат околу 2,5 милиони луѓе од разни краеви на светот.

Министерството за аџилак на Саудиска Арабија соопшти дека годинава ќе можат да учествуваат од илјада до 10.000 луѓе, кои веќе престојуваат во земјата, од кои две-третини се жители кои имаат странско државјанство.

Саудиската Влада годинава ќе ги покрие трошоците на аџиите, вклучително овброците, хотелското сместување, транспортот и здравственото осигурување.

Саудиска Арабија од аџилакот секоја година има една милијарда долари приход,

Кралството е една од најзагрозените земји од епидемијата со Ковид-19 на Блиски Исток, со повеќе од 266.000 инфицирани лица и 2.733 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови