Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Од:

Ситуацијата во Саудиска Арабија не е добра, фудбалерите кои беа донесени за големи пари сакаат што побрзо да побегнат и да се вратат во Европа.

Како што пренесуваат англиските таблоиди, лигата на Саудиска Арабија веќе е во големи проблеми бидејќи огромен број ѕвезди кои пристигнаа во текот на претходниот преоден рок не се задоволни. Според „Сан“, им било потврдено дека одредени играчи „ја мразат секоја минута помината во Арабија!“

Имаше и незадоволство во јавноста, па видовме дека Нејмар веќе не е задоволен од одлуката да се пресели на Блискиот Исток, иако пред тоа Кристијано Роналдо за проектот, лигата и земјата зборуваше се најдобро. Се разбира, за тоа е платен.

Најголем проблем за фудбалерите е што стадионите се уште се празни, па Ал Етифак од клупата на чело со Стивен Џерард, а со Муса Дембеле, Џордан Хендерсон, Демараи Греј и Жоргињо Вајналдум го одигра претходниот натпревар пред помалку од 10.000 луѓе. А ривал беше Ал Фатех, предводен од Славен Билиќ, а за него играа Џејсон Денаер и Кристијан Тељо.

Сепак беше добра посета. Претходниот натпревар на теренот Ал Етифак го гледаа 5.000 луѓе, а кога минатиот месец го победија Абха, на трибините имаше помалку од 1.000 луѓе. Од 18-те екипи, само натпреварите на Ал Итихад имаат поголем број навивачи и на еден натпревар имало дури 29.000, но од 18-те екипи во лигата, дури 11 имаат посетеност помала од 5.000 по натпревар.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови

Мохамед бин Салман се сретна со Си Џинпинг во Ријад

Ана Ололовска