На мал аџилак во Мека ќе можат да одат само вакцинирани или со стекнат имунитет од Ковид-19

Од:

Само луѓето кои биле вакцинирани или со стекнат имунитет од Ковид-19 ќе можат да одат да вршат омра, мал аџилак во Мека за време на муслиманскиот месец на постот Рамазан, што почнува во средината на април, соопштија саудиските власти.

Министерството за аџилак објави дека „само на лицата имунизирани од коронавирусот“ ќе им биде дозволено да вршат аџилак или молитви во Големата џамија во Мека на почетокот на Рамазан.

„Тие луѓе спаѓаат во три категории, оние кои примиле две дози вакцина, оние кои примиле само една доза 14 дена порано и оние кои биле излекувани од коронавирусот“, соопштија властите.

За време на Рамазан во Мека обично има голем број верници од Саудиска Арабија и други муслимански земји. Мал аџилак, или омра, може да се изведува во текот на целата година за разлика од аџилакот, кој е еднаш годишно. Малиот аџилак беше прекинат во март 2020 година поради пандемијата, а на почетокот на октомври полека почна да се враќа со мерки на претпазливост.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Екстремно топло, продолжуваат мерките за заштита од жештините

Катерина Ѓуровски