Едно бебе е родено на станица на подземна железница во Мексико Сити, а меѓу првите подароци кои ги добило е доживотно бесплатно возење со метро.
Мајката на новороденчето вчера тргнала со подземната железница до болница, кога ненадејно започнале контракции.
Дваесет и двегодишната жена се породила на влезот на една станица, а во тоа, покрај лекарите на итна помош, и помогнале и вработените во метрото и полицијата.
Штом ја слушнал веста, градоначалникот на Мексико Сити Мигел Анхел Мансера веднаш на својот профил на Твитер напишал дека малото момче, кое се уште нема име, ќе има право да се вози со метро цел живот бесплатно.