Јужноафриканската република повторно регистрираше повеќе од 13,000 нови случаи на коронавирус.
Вкупниот број заразени во таа земја достигна 421.996. Според податоците од веб-страницата „Ворлдметерс“, ЈАР се наоѓа на петтото место во светот по бројот на заразени – по САД, Бразил, Индија и Русија.
Повеќе од 6.300 луѓе починале во таа земја од почетокот на пандемијата Ковид-19, што е повеќе од половина од смртните случаи на африканскиот континент.
Претседателот на ЈАР Сајрил Рамафоса нареди затворање на училиштата на еден месец поради пандемијата и вети мерки против корупцијата во областа на хуманитарната помош и јавните набавки, а во врска со борбата против Ковид-19.