МВР утврди хакерски напад врз веб-страницата на ДИК на денот на изборите, се бараат сторителите

Од:

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика доставил известување до Основно
Јавно Обвинителство – Скопје во кое ги образложи сите мерки и активности кои беа преземени
во насока на расчистување на случајот пријавен од страна на Државната изборна комисија.

„Имено, во текот на истрагата беа обезбедени податоци и логови за функционирањето на
системот и делови од системот за поддршка на изборниот процес во Државната изборна
комисија. Податоците беа обезбедени од повеќе институции и компании кои беа вклучени во
изборниот процес.

Од доставената пријава и анализата на податоците се констатираше дека при крајот на
изборниот процес, а особено во текот на објавувањето на прелиминарните резултати бил
регистриран DDoS напад кој што бил насочен на страната https://www.sec.mk/ и кој влијаел на
оневозможувањето на публикувањето на резултатите од апликацијата на дедицираниот сервер
за објавување на прелиминарните резултати.

Дополнително при анализата на податоците кои ги добивме од фирмата ДУНА КОМПЈУТЕРИ а
се однесуваат на податоци и датотеки извадени од серверите (дата бази и логови од
системите) за наша понатамошна анализа за можни проблеми со нивната функционалност,
не е утврдено нефункционирање на системите или застој во процесот на безбедносната
автентикација на корисниците за прием и внес на резултатите од изборните комисии.

Секторот за Компјутерски криминал и дигитална форензика во соработка со Јавното
обвинителство ги користи сите механизми за меѓународна соработка со интернет сервис
провајдери кои се надвор од наша јурисдикција, со цел добивање на податоци за корисниците
на нивните сервиси.

Истрагата за овој случај продолжува во насока на утврдување на ИП адресите од каде што е
пристигнат нападот, собирање на дополнителни информации за утврдување на нарачателот на
овој напад како и утврдување дали имало други причини кои влијаеле или се поврзани со
неможноста на објавувањето на прелиминарните резултати.

Би можело да ве интересира

ДИК: Потврдени се 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

А1он

Аеродромот во Брисел откажува 50 отсто од летовите поради сајбер напад

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

18 кандидати за градоначалник на Скопје, 20 листи за членови на Советот

Катерина Ѓуровски