Среќата се купува со пари, а повеќе пари водат кон поголема среќа, покажуваат резултатите од најновото истражување на американските економисти.
Ништо не е ново во врската меѓу парите и благосостојбата, сепак новото истражување е спротивно на претходните истражувања според кои влијанието на парите врз факторот среќа се намалува над одредено ниво на приходи кои им овозможуваат на луѓето задоволување на основните потреби.
Економистите Бетси Стивенсон и Џастин Волферс од универзитетот во Мичиген во своето истражување наведуваат дека нема докази за „точка“ на заситување во врската пари-среќа.
– Врската меѓу парите и среќата што ја откриваме кај сиромашните е еднаква со таа кај богатите, тврдат авторите на истражувањето. Стивенсон и Волферс заклучуваат дека врската меѓу парите и среќата е иста кога се прави споредба меѓусиромашни и богати земји, како и кога се прави споредба меѓу богати и сиромашни луѓе во внатрешноста на една земја.