Дуа Липа тврди дека никогаш немала намера да „поттикне какво било омраза“ со својот пост на Твитер. Пејачката предизвика огромни реакции, откако на социјалните мрежи сподели мапа која ги прикажуваа Албанија, Косово и делови од соседните балкански земји – со симболот на албанските орли.
❤️
Posted by Dua Lipa on Вторник, 21 јули 2020
Таа во новата објава на социјалните мрежи вели дека е тажна и лута што нејзиниот твит е намерно погрешно протолкуван од некои групи и поединци кои додава, промовираат етнички сепаратизам, а тоа пејачката целосно го отфрла.
Под објавата со картата на голема Албанија имаше бројни коментари од корисниците на мрежите од сите земји на Балканот, како Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Грција.
au•toch•tho•nous adjective
(of an inhabitant of a place) indigenous rather than descended from migrants or colonists pic.twitter.com/OD9bNmLcZ4— DUA LIPA (@DUALIPA) July 19, 2020
Дел од нив ја осудија пејачката дека шири национализам и фашизам, други се гордеат со неа, а имаше и повици за масовно да се пријавува содржината со цел да се отстрани од социјалните мрежи.