„Достоинство“ влегува во битка за распишување на референдум на државно ниво за четири прашања.
Прашањата за кои партијата ќе бара изјаснување од граѓаните се дали тие се „за“ или „против“ за Законот за територијална организација, Законот за автентично толкување на законот за амнестија, можноста на припадници на УЧК да вршат јавни функции и Закон за права на припадниците на ОНА.
– Се надеваме дека Државната изнорна комисија ќе овозможи собирање на 100 иницијални потписи во градовите Скопје, Кичево и Струга. Откако иницијативата ќе влезе во собраниска процедура, претседателот на Собрание треба да се изјасни во рок од 3 дена – изјави Стојанче Ангелов.
Од „Достоинство“ објаснија дека доколку иницијативата се покаже како уредна, од партијата се спремни на собирање 150.000 потписи, потребни да се соберат за референдум. Доколку не е, за неа треба да дискутираат пратениците во Собранието.
Инаку, помина точно една недела откако партијата на Ангелов поведе иницијатива за оспорување на Законот за територијална организација и Законот за амнетстија. За нив, како што рекоа, се’ уште нема никаков одговор од Уставниот суд.
Петар Клинчарски