СЗО: Бројот на жртвите од Ковид-19 во Латинска Америка надмина 150.000

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека бројот на жртви од Ковид-19 во Латинска Америка надмина 150.000 и дека пикот на епидемијата во овој дел од светот се очекува следниот месец, јави Би-Би-Си.

Бразил е најтешко погодена земја од заразата со речиси два милиона инфицирани и 75.000 смртни случаи, и е на второ место во светот, по САД според бројот на жртви од вирусот.

Во меѓувреме, во Перу, каде се потврдени речиси 340.000 случаи, е назначен нов министер за здравство за да се обиде да се справи со епидемијата. Голема битка со болесата, исто така, се води и во Мексико и Чиле.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа