А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Дел од државните картички ќе останат неподелени, добитниците се отселиле

by Маја Илиевска-Пачемска13/07/2020 - 16:5014/07/2020 - 21:464028
Share0

Дел од домашните платежни картички како помош за справување со последиците од коронавирусот  ќе останат неподелени оти лицата кои ги добиле не се во земјава, а банките при доставувањето на картичките регистрирале и смртни случаи на некои од добитниците. Од Стопанска банка АД – Скопје за „А1он“ велат дека, засега, немаат точна бројка на неподелени картички.

Следете a1on на Instagram Instagram

„ Немаме точен процент на клиенти засега, нека помине рокот па ќе знаеме подобро колку клиенти не си ги подигнале картичките. Претпоставката дека добар дел од неподигнатите ќе биде поради отсуство од Македонија е затоа што прашуваат во Контакт центар или на ’Фејсбук’ дека не се во Македонија дали може некој од семејството да ја подигне. Не пишуваат дали се отселени, на привремена работа или се туристички отсутни но, сепак, пишуваат дека не се во Македонија и дека нема да стигнат до 17 јули (ниту 15 август) да се вратат за да ги подигнат. Веројатноста да не се подигнат одреден процент од картичките е голема, се случува и да починал корисник откако е објавен списокот додека да се изработи картичката. Реално е и дека некои нема да ги подигнат затоа што не ги сакаат а не ја одбиле помошта преку веб страницата на Банката, како и разни други причини“, велат од Стопанска банка за „А1он“.

Најголем дел од картичките веќе ги поделиле. Стопанска банка треба да подели над 110.000 картички од кои, до петокот, доставени до клиентите биле 80 отсто. Оние кои ги добиле картичките парите веќе ги трошат, главно на храна.

„ Нешто над 60% од префрлениот износ на финансиска поддршка е веќе искористен на сите картички кои се превземени од клиентите. Притоа, очекувано, околу 90% од потрошениот износ на домашните платежни картички се користи на дејности поврзани со прехранбените производи и супермаркети“, велат од Стопанска банка.

Следете a1on на Youtube YouTube
Метежот за издавање на картичките пред филијалите на Стопанска банка со денови не се намалува

И министерката за финансии Нина Ангеловска потврди дека домашната платежна картичка најчесто се троши во супермаркети. Таа објави дека до петокот активни биле 187.000 картички од вкупно 324.479 картички предвидени да се поделат на вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на заболените од Ковид – 19.

Од пристигнатите над 20.000 приговори од граѓани кои сметаат дека ги исполнуваат условите, но не добиле картички, министерката Ангеловска соопшти дека биле прифатени уште 5000 приговори од студенти и млади лица, а претходно беа прифатени првите 2000 приговори. Студентите и младите лица денес треба да бидат додадени на веб – страницата kupuvandomasno.gov.mk и нивните картички ќе почнат да се печатат.  До крајот на неделата треба да се завршат проверките на сите приговори вклучително и проверките од УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ со што ќе се затворат сите поднесени приговори, а потоа Министерство за финансии ќе ја соопшти вкупната бројка на прифатени приговори.

Од Министерството за финансии не одговорија на прашањата од „А1он“ како ќе постапат со картичките за кои банките велат дека не можат да ги поделат оти добитниците се надвор од државата или пак како ќе постават со картичките на лицата кои починале по објавување на списокот.

Крајниот рок за доставување на картичките до корисниците е 18 јули, а префрлените пари треба да се искористат до 15 август. Освен Стопанска банка, пред чии филијали секојдневно има метеж за потпишување на договорите и подигање на картичките, домашни платежни картички издаваат и НЛБ Банка која треба да подели 113.000 картички, Комерцијална банка која има 53.000 картички за достава, Халк банка, Шпаркасе банка, Охридска банка, УНИ Банка, Централна кооперативна банка и Силк роуд банка.

Од Комерцијална банка за „А1он“ изјавија дека доставиле повеќе од 81 отсто од картичките и генерално немале тешкотии во процесот. И кај нив најзастапени трансакции, од веќе поделените картички, се трансакциите во маркети, 50 отсто од вкупниот промет.

kupuvam domasnonina angleovskaotseleniplatezni kartickistopanska banka

Би можело да ве интересира

Грабеж во Стопанска Банка во трговскиот Беверли – влегол маскиран и со пиштол

Анита Петровска Рајковиќ07/06/2023 - 11:42

Скопјани украле платежни картички, па потрошиле 1.500 евра низ Струмица

Жарко Настоски11/05/2021 - 16:4611/05/2021 - 17:51

Помошта од 6.000 денари може да се подигне и во кеш, Владата препорачува да се троши на македонски производи

Маја Илиевска-Пачемска22/12/2020 - 16:5122/12/2020 - 21:22

Заврши рокот за „купувај домашно“: Граѓаните со картичките се прехрануваа, аналитичарите сега бараат долгорочни економски мерки

Ландов15/08/2020 - 08:2615/08/2020 - 08:27

Гужви пред банките за државните картички, без маски, без растојание

Маја Илиевска-Пачемска10/07/2020 - 20:2211/07/2020 - 09:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео