Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер признава дека крајот на неговата кариера наближува, но тој вели дека неговата цел засега е добро да се подготви за следната сезона.
Федерер не играше откако загуби во полуфиналето на Австралија опен од Новак Ѓоковиќ во јануари, а остатокот од сезоната го пропушти поради двете операции на коленото. Сепак, Швајцарецот не пропушти многу, бидејќи натпреварите беа прекинати поради пандемијата.
– Во суштина, бев загрижен само за здравјето, но сега ми недостасува чувството да играм пред полн стадион. Знам дека се приближува времето кога ќе ја завршам кариерата и мислам дека ќе ми недостига многу, рече Федерер за германски „Цајт“.
Сепак тој вели дека мора да биде трпелив и да продолжи да работи.
– Ќе беше полесно ако се пензионирав во овој момент, но сепак сакам да си дадам можност да уживам во тенисот. Ќе си дадам малку време да се вратам во добра форма, вели тој.