Николоски договара сообраќајка со Јанакиески: Има два авиони Шиптари, трактор да се испреврти нешто

Од:

Петти ден по ред, на „Јутуб“ каналот „Обнова на режимот“ се објавуваат разговори од актуелни и поранешни членови на раководство на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од претходните разговори кои беа помеѓу Миле Јанакиески и Игор Јанушев, сега е објавена снимка од Јанакиески и Александар Николоски кој е носител на пратеничката листа во изборната единица четири, на ВМРО-ДПМНЕ.

Во разговорот се слуша како Јанакиески му предлага на Николоски да се направи сообраќајка кај Пресека, односно помеѓу општината Дебарца и Охрид каде што се наоѓа и охридскиот аеродром, бидејќи како што се слуша од снимката, слетувале два авиони со Албанци. Со ваквата идејата се согласува и ја прифаќа Александар Николоски.

„Кажи шефе“, вели Николоски, по што Јанакиески му кажува: „Александар, слушај сега, идеја со Горде ја зборевме“, а Николоски вели: „Ајде“. Јанакиески продолжува: „Има два авиони Шиптари, следуваат сега во четири, четири и пол. Да направите една сообраќајна несреќа кај Пресека, ситна? Да се …. коли, па МВР увид, ваму-таму. Трактор да се испреврти нешто, сериозно ова ти го зборам“, а Николоски одговара: „Немам ништо против, нека се јави Горде на овие нејзиниве од МВР, ќе се организира таа работа. Не ми е проблем“. Јанакиески продолжува: „… не може некој од членство да излези да чукне некој, трактор со кола, пополека?“, а Николоски одговара: „А да му речам на … од Кичево да организират?“. Јанакиески одговара: „Јави му се на … од Кичево, ама негде накај Охрид нека направи ајде“. Николоски вели: „Океј, кога слетуват авионот?“, по што Јанакиески одговара: „Во четири“.

Ваков разговор беше презентиран и во предметот „Титаник“ за изборни измами. На рочиштето пред две години, се слушаа предлозите од Јанакиески и Јанкулоска, меѓу кои и на денот на изборите, 24 март 2013, некој од членовите да преврти трактор на патот или пак да се истури песок од камион за тотално блокирање на патот бидејќи, како што велат, Албанците од аеродромот оделе со автомобили, а не со автобуси.

Вчера беа објавени три нови разговори меѓу носителот на пратеничка листа од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески именувани како „Да ги е** лифтовите“, „Да се јавиш да пријават дефекти нашите да нема струја“, „Не не сакаат“.

Снимени разговори меѓу Јанушев и Јанакиески беа објавувани и изминативе денови. Вчера беа објавени пет снимки во кои се зборуваа за организирање на чартер летови, за како што се слуша, „за нашите“, начинот на нивно плаќање, а во посебен фајл и за уништување на документи. Претходно, беа објавени нови два разговори именувани како „Јанушев ќе ги убијам“ и „Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком“. Во посебно објавени разговори, Јанушев и Јанакиески зборуваат и за „списоци бележени како МИОА“.

И натаму не се знае потеклото на овие снимки и кој ги објавува на мрежата „Јутуб“ на повеќе новокреирани канали. СДСМ веќе поднесе кривична пријава до Обвинителството за сите објавени „бомби“ за нив, но и за ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на кампањата до сега.

 

Би можело да ве интересира

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“