Една повозрасна жена од Мелбурн, Австралија, починала откако нејзината мачка ја изгребала, а потоа ѝ ја излижала раната.
Како што објави „Хералд сан”, бабичката била во бессознание кога нејзините блиски ја нашле в постела, со мачето до неа. Лекарите пак, во организмот на 80-годишната старица откриле бактерија „pasteurella multocida“, којашто предизвикува бактериски менингитис.
Жената била во кома девет дена, по што апаратите за одржување во живот, ѝ биле исклучени.
Директорката на инфективното одделение во болницата, Линдзи Грејсон изјави дека луѓето не треба да им дозволуваат на мачките да им ги лижат раните. А пак, оние кои имаат нарушувања во имуниот систем – треба потполно да избегнуваат домашни миленичиња.