Извлечени 15 граѓани кои скенирале сметки во април, мај и јуни, добија по 100.000 денари

Од:

Извлечени се петнаесетмина добитници на награда од по 100 илјади денари, кои скенирале сметки во текот на април, мај и јуни.

Валентина Ѓуроска, Нацо Запров, Јуле Тасевска Марков, Наталија Грчева, Сузана Антовска, Слаѓана Јовческа, Виолета Георгиева, Славица Димоска, Сузана Димитрова, Ивица Јаначков, Наталија Велиновска, Влатко Масалковски, Мухамед Мамуди, Јасмина Каранфиловска и Ванчо Ѓорѓевски се граѓаните кои беа извлечени синоќа во вечерниот термин на Канал 5 ТВ.

Петмина од наградените во петтото коло се од Скопје, по двајца добитници се од Струмица и од Битола и по еден од Прилеп, Гостивар, Охрид, Крива Паланка, Струга и Тетово.

Во останатите кола до крајот на годината, односно од август до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.

Граѓаните, преку МојДДВ #МојаНаграда, од први јули, скенираат сметки за трипати повеќе дневни награди отколку порано, односно до крај на годинава секој ден ќе се доделуваат 30 награди од по 1.000 денари.

Извлекувањето на втората премија, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари, наместо 3.000.000 денари, како што беше првично планирано.

Доделување на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија. Дополнително намалувањето на износите на месечните награди како и главната награда ќе овозможи сепак да продолжи наградната игра со поставените цели, но со помали износи на награди што пак ќе овозможи одвојување на одредени средства за поддршка за Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19.

При тоа 9,7 милиони денари од наградниот фонд ќе се насочат кон солидарните фондови на Министерството за здравство и Владата за здравствени и социо-економски мерки.

Граѓаните кои скенираат сметки и понатаму ќе имаат трикратна корист – ќе придонесат во борбата против сивата економија, ќе добијат поврат на ДДВ, како и можност за вредна награда.

 Во првото полугодие годинава скенирани се над 85 милиони фискални сметки.

Би можело да ве интересира

Деновиве ќе почне исплатата на „Мој ДДВ“

A1on

Арсовска: На местото на најголемите диви депонии го направивме мега паркот во Ѓорче Петров

Предраг Петровиќ

Со „Мој ДДВ“ за четири години кај граѓаните се вратени 6.6 милијарди денари или 107, 5 милиони евра

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник

Катерина Ѓуровски

Со одлука на пратениците, граѓаните ќе може да заработат плус 300 денари од скенирање сметки

A1on

Утврдени предлог законските измени за зголемување на сумата на повратот од ДДВ

Ана Ололовска