Арсовска: На местото на најголемите диви депонии го направивме мега паркот во Ѓорче Петров

Од:

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид во градежните работи на новиот мега-парк „Даме Груев“, во општина Ѓорче Петров, кој е во завршна фаза, соопштија од Град Скопје.

– На место на една од најголемите диви депонии во Скопје со површина од над 50.000 квадратни метри, со желба, посветеност и труд го направиме првиот од 5те мега паркови во Скопје, мега паркот “Даме Груев” во општина Ѓорче Петров. Со реализација на овој проект кој е дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина, истакна градоначалничката Арсовска.

Во паркот се финализираше изградбата на паркингот за посетители, се поставува урбана опрема, а во тек е и изградбата на детско игралиште, игралиште за миленици, фитнес зона и инклузивно игралиште.

Посветено се работи на подигнување и уредување на зелени, модерни и еколошки содржини во градот кои се дел од долгорочните решенија за почиста животна средина и почист воздух за граѓаните на градот Скопје, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски