Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

Од:

Апликацијата „Мој ДДВ“ пет дена по ред е нефункционална. Иако се најавува дека денеска била ставена во функција граѓаните и натаму се соочуваат со низа на проблеми. Со денови граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да си ги вратат дел од парите од ДДВ токму во периодот кога тоа најмногу го прават, се вели во соопштението на СДСМ.

„Ова не е случајно. Ова е директна последица од празната државна каса. Кога нема пари во буџетот, државата нема ниту намера да им ги врати парите на граѓаните. Со тоа што системот не работи, Владата едноставно нема да исплати дел од ДДВ-то што инаку би требало да им го врати на граѓаните“, стои во партиското соопштение.

Во соопштението се додава дека наместо да се грижи за граѓаните и да обезбеди нормално функционирање на институциите, Мицкоски ја носи државата до ситуација во која дури и основните услуги за враќање на пари на граѓаните се блокирани.

„Граѓаните плаќаат ДДВ, но сега и тоа што им припаѓа назад – нема да го добијат. Кога нема пари затоа што се трошат на клиентелизам и корупција, тогаш не функционира ништо – ниту економијата, ниту услугите за граѓаните“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“