Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши е заразен со коронавирус.
Тој на социјалната мрежа Твитер ја информираше јавноста дека има мала температура по што веднаш се изолирал во својот дом од каде ќе ги извршува своите должности во следниот период.
This afternoon I felt a slight fever and immediately quarantined myself at home. I have now tested positive for Covid 19. By the grace of Allah, I feel strong and energetic. I will continue to carry on my duties from home. Please keep me in your prayers.
— Shah Mahmood Qureshi (@SMQureshiPTI) July 3, 2020
Индиските медиуми наведуваат дека се уште не е познато како Куреши го има добиено вирусот, но се сомневаат дека министерот можеби се заразил во средата по средба со американскиот специјален претставник за Авганистан.