СДСМ: ДУИ се служи со националистичка реторика и го напушта концептот „Едно општество за сите“

Од:

ДУИ денеска и официјално се откажа од концептот едно општество за сите, соопшти Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обвинувајќи го доскорешниот коалиционен партнер за националистичка реторика.

Од СДСМ реагираа на денешното преставување на изборната програма на Демократската унија за интеграција, во која покрај другото, партијата соопшти дека ќе се залага за мултиетничка химна на државата, задолжителен албански јазик за сите граѓани, како и за консензуално одлучување во извршната власт.

„Жалиме што ДУИ се служи со ваква националистичка реторика и ги поткопува придобивките од Охридскиот Рамковен Договор. Времето за поделби е одамна завршено. За Коалицијата „Можеме” и СДСМ одамна не е важно кој на кој етникум припаѓа, туку колку е способен и работи во функција на „едно општество за сите” и сигурна иднина на граѓаните,“ велат од СДСМ.

„Како што тргнале ДУИ, до крајот на кампањата ќе си го сменат и името на партијата. Од Демократска унија за интеграција ќе станат Националистички радикали за дезинтеграција,“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено