Брнабиќ ја презеде вината за заразата на „Адрија тур“: Оставете го Новак на мира, моја е одговорноста

Од:

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, застана на страната на Новак Ѓоковиќ и реши да ја преземе вината за организацијата на „Адрија тур“ во Белград.

Ѓоковиќ организираше хуманитарен турнир пред полните трибини на Дорчол, а кога тенискиот карван се пресели во Задар, беше утврдено дека неколку тенисери и членови на стручниот штаб се заразени со коронавирус. Меѓу нив беа Новак и Јелена Ѓоковиќ, Виктор и Александар Троицки, Григор Димитров, Горан Иванишевиќ, Борна Чориќ …

„Сакам да му дадам целосна поддршка на Новак, секоја чест за него. Тој сакаше да направи нешто добро за сите нас, не само во Србија туку и во регионот. Тој сакаше да помогне, да собере пари и секоја чест за тоа. Кога би можело да ја префрлат вината врз мене и да го остават на мира, јас би била најсреќна на светот. Ете, тоа е наша вина, ние ги попуштивме мерките, тој ги слушаше препораките и еве јас сум виновна. Оставете го човекот на мира, моја е одговорноста. Тоа е хумана намера за мене, секоја чест за него и секоја поддршка“, рече Ана Брнабиќ како гостин на ТВ Пинк.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани