ЕХФ го откажа ракометниот „фајнал фор“ за жени во Лигата на шампионите

Од:

Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши да го откаже завршниот „Фајнал фор“ турнир од женската Лигата на шампионите за сезоната 2019/20, а со тоа и четвртфиналните мечеви.

Главната причина за ваквата одлука, според ЕХФ, е стравот за здравјето на ракометарките и тренерскиот персонал на екипите во екот на пандемијата на коронавирусот.

Турнирот требаше да се одржи во Будимпешта од 3 до 6 септември.

Одлуката за предвремено ставање крај на Лигата на шампионите оваа сезона нема да влијае на стартот на следната сезона. Првото коло од групната фаза од новата сезона е закажано за 12 и 13 септември. Ждрепката ќе се одржи на 1 јули.

Би можело да ве интересира

ЕХФ го суспендираше Драган Начевски поради наводи за учество во „местење“ натпревари

Катерина Ѓуровски

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

ЕХФ Лига Европа: РК Еурофарм Пелистер посилен од Спортинг-Лисабон

Ана Ололовска

ЕХФ: Само вакцинирани ракометари на ЕУРО2022

А1он

Ракометарите на Еурофарм Пелистер гостуваат кај Кадетен во Шафхаузен

Ана Ололовска