Ахмети ја продолжи кампањата за прв премиер Албанец

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска ја продолжи кампањата за прв Албанец премиер на Македонија, преку објавување на видео на неговите официјални профили на социјалните мрежи.

„Дојдено е времето пријатели, да се обединеме, затоа што кога сме обединети се е можно, како што бевме обедините во ОНА за време на војната или при изборот на првиот Албанец Претседател на Собранието, зачленувањето во НАТО и отпочнувањето на преговори за членство во Европската Унија. Време е, “АлбанецПремиер.‘ напиша Ахмети.

Во видеото објавено на Твитер и Фејсбук, на албански јазик, без превод на македонски, се повикува кон обединување околу една цел – премиер Албанец.

Тој вчера, по повод годишнината на ДУИ испрати порака до јавноста дека е време Македонија да го добие првиот премиер Албанец, по што следеа низа реакции од останатите политички фактори во земјава.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, веднаш му одговори на Ахмети дека доколку премиер Албанец е услов за идна владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада.

Од Алијанса за Албанците, исто така реагираа на пораката на Ахмети. Според нив, ДУИ нема легитимитет да зборува за премиер Албанец, бидејќи го бојкотирале албанскиот кандидат за претседател на Македонија.

 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Пресудата е неправедна и разочарувачка, Али Ахмети за пресудата за Тачи

Катерина Ѓуровски