Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Италија се зголеми за 85, а бројот на заразени лица порасна за 518 во однос на 177, колку што беше претходниот ден.
Вкупниот број на починати од Ковид-19 во Италија е 33.774, соопшти Агенцијата, што е четврт најголем број во светот по САД, Велика Британија и Бразил.
Бројот на заразени со коронавирусот се искачи на 234.531, што е шести по големина во светот по САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил.
Од 518 ново заразени, 402 се од северниот регион Ломбардија, кој е најтешко погоден од епидемијата.
На одделенијата за интензивна нега има 316 лица, нешто помалку од вчера, кога имало 338.
Од коронавирусот досега се излекувале 163.781 луѓе, а тестирани се 2,565 милиони луѓе.