ВИДЕО: Хајнекен игнајт – ново интерактивно пакување

Од:

Холандскиот производител на пиво Хајнекен го претстави своето ново „паметно“ пакување „Хајнекен игнајт“.

Хајнекен на „ЈуТјуб“ објави видео што покажува како би изгледале ноќните клубови во иднина со помош на новoто шише „игнајт“.

Новото интерактивно шише, освен што содржи пиво, има и вграден сензор што реагира на движење и свети кога со неа ќе се наздрави. Новата амбалажа содржи и софтвер кој светлината што ја произведува ја синхронизира со музиката во клубот.

Се уште не е познато кога новото шише ќе се појави на пазарот. Еден од претставниците на компанијата за „Хафингтон пост“ изјави дека првите информации за тоа ќе бидат објавени за неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

A1on

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он

СКОПСКО SMOOTH ЈА ЛАНСИРАШЕ Smooth ON – Свежа музика на само клик од тебe

Горан Наумовски

„Експензивити“: Македонците трошат 260 евра годишно на пиво

Ана Ололовска

Трагедија во Германија – пиво вредно милиони евра пропадна поради корона-кризата

Жарко Настоски