По тримесечен прекин, на 6 и 7 јуни продолжува грчкото фудбалско првенство

Од:

Без публика и под конкретни услови и мерки, на 6 и 7 јуни, по тримесечна пауза повторно започнува фудбалско првенство во Грција, откако грчката Влада им даде зелено светло на организаторите – Супер лигата, што воедно беше и позитивен одговор на нивното барање од минатата седмица, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на денешниот ден, управниот одбор на Супер лигата ќе одржи состанок да ја потврди одлуката, да ги прецизира деталите, како и условите и програмата за одигрување на натпреварите.

Заменик министерот за спорт на Грција Лефтерис Авгенакис за грчката трелевизија „ЕРТ“ рече дека иако од фудбалскиот клуб ОФИ било побарана присутност на стадионите на 20 отсто од гледачите, сепак, сега за сега натпреварите ќе бидат без публика.

Грчкото фудбалско првенство ќе започне со првите плеј-оф натпревари АЕК- Панатинаикос, ПАОК- Олимпијакос и Арис –ОФИ, додека пак дополнително ќе се одржи ждрепката за плеј- аут натпреварите од првата лига.

По последните натпревари на 1 март годинава, пред да се прекине првенството поради пандемијата, по одиграни 26 натпревари, Олимпијакос е прв на табелата со 66 бода, солунски ПАОК е втор со 52, а АЕК со еден под помалку на третото место. Следат Панатинаикос со 44 и ОФИ и Арис со 34 бодови.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ